Јапонија денеска пречека 20 Украинци кои избегаа од војната и пристигнаа на аеродромот во Токио со авион на јапонската влада.
Бегалците пристигнаа од Полска со министерот за надворешни работи на Јапонија Јошимаса Хајаши, кој беше во посета на Варшава.
– Дознавме дека неколку луѓе искрено сакаат да бидат евакуирани во Јапонија, но дека имаат потешкотии сами да го платат патувањето, изјави владиниот портпарол Хироказу Макуно на прес-конференција.
Тој додаде дека на групата од 20 луѓе им било кажано дека можат да се качат во владиниот авион.
Досега Јапонија прими 404 граѓани на Украина, по одлуката за итен прием на бегалци, што минатиот месец ја соопшти премиерот Фумио Кишида.