Анализа на Си-Ен-Ен: Деловните врски на семејството Трамп со Блискиот Исток се зголемија повеќе од трипати
Деловните врски на семејството Трамп со Блискиот Исток се зголемија за повеќе од трипати од првиот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп, вклучувајќи мноштво нови проекти објавени откако тој се врати во Белата куќа во јануари, покажа денеска анализа на Си-Ен-Ен.