Приведено лице, возело 173 километри на час на автопатот Гостивар - Тетово
МВР информира дека вчера во 14.55 часот на автопатот Гостивар - Тетово, кај наплатна станица Гостивар, полициски службеници од ПО за БПС Гостивар го лишиле од слобода З.С.(29) од село Вруток кој возел со брзина од 173 километри на час.