Молотов коктел фрлен во кафулето „Круг“ во Дебар Маало
Како што информираат од МВР, утринава во 03.50 часот во Скопје, на улицa „Наум Наумовски Борче“ во угостителски објект соственост на З.К.(46) од Скопје, од страна на непознат сторител фрлено е стаклено шише во кое најверојатно имало запалива материја и на местото каде што паднало, настанал пожар.