Кузмановски: Малку се тестира за коронавирус, бројката од 800 - 900 тестови не е доволна
Малку се тестира за коронавирус во државата. Бројката од 800, 900 тестови не е доволна, вели д-р. Игор Кузмановски на денешната панел-дискусија Live Chat насловена како „Затоа што секој живот вреди“. Според него, со толку малку тестирања нема да се добие точна претстава на бројот на заболени.