Левица: Градоначалникот на Охрид да собере храброст да ја врши работата за која е избран
Несреќната изјава на градоначалникот на Охрид од редовите на СДСМ, Константин Георгиески, дадена вчера во емисијата “Стадион” на “Канал 77” дека “ако утрe проба да ги руши дивоградбите во Охрид можеби некој ќе го убие”, најпластично ја илустрира импотентноста и немоќта на владејачката партија пред урбаната мафија предводена од нивниот коалиционен партнер ДУИ