Николов: Наместо дрско да ги обвинува граѓаните Филипче треба да знае дека системот не функционира
Денес дрско, безобзирно и неодговорно министерот за здравство Венко Филипче вината да ја префрла кај граѓаните, или кај МВР, истиот тој кој заедно со владата не убедуваше дека состојбата е под контрола, дека пикот е поминат и дека заразата е победена.