Ахмети: Кога им велев дека Албанец ќе биде претседател на Собранието не ми веруваа, така и сега за албанец премиер
Лидерот на ДУИ Али Ахмети ги повика Албанците во земјата и нивните политички партии да се обединат околу идејата за „прв Албанец премиер”. Сега, вели тој, во денешното видео обраќање, е време за потполна рамноправност, за превземање на одговорноста за раководење.