Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Вевчани поднесоа колективна оставка
Советниците од ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесоа колективна оставка од своите функции во Советот на Општина Вевчани, во знак на протест против, како што велат, „политиката и начинот на владеењето на СДСМ, како и во знак на поддршка на нивниот сопартиец во Собранието, Крсто Мукоски.“