Митрополитот г. Јосиф Божиќно послание го испрати преку видео порака во која на верниците во Тетовско-Гостиварската епархија им порача: вниманието да се отргне од застрашувачкото и несигурно утре и да се насочи кон незалезната светлина на Рождеството Христово.
Во штипскиот Ковид центар не е мал бројот на хоспитализирани пациенти за време на Новогодишните и Божиќни празници, информира началничката на Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип, Дијана Шишкова
По долгооочекуваните врнежи од снег што паднаа во изминатите неколку дена и добрата подготвеност на ски-патеките, од денеска и официјално е отворена скијачката сезона на Пониква
Информацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.
По повод големиот православен празник Христово раѓање – Божик, во текот на утрешниот ден на територијата на Општина Охрид ќе биде бесплатно паркирањето моторни возила на сите јавни паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Билјанини извори“
Со специјализирани машини за чистење и возила за подигање на сметот, ЈПКД „Комуналец“ утрово почнаа со расчистување на остатоците од големиот пожар во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози
Времето ќе биде променливо облачно, во источните делови со кратки сончеви периоди, во западните делови со повремени врнежи од дожд, а на планините ќе паѓа снег
Младиот уметник од Тетово, Рејан Етеми изработи мурал на влезот во градот во чест на лекарите и медицинските работници. Сликата е нацртана во боја на ѕидовите од подвозникот на самиот влез на Тетово од западната страна кон Скопје.
Според неа, се соочуваат со нова ситуација – пост-ковид проблеми кај пациентите кои прележале корона-вирус. Посочи дека неопходна е помошта на интернистите.