Гевгелиската ковид болница ќе почне со работа на први февруари
Од понеделник, во рамки на Општата болница во Гевгелија, ќе биде ставена во функција модуларната ковид болница со сите активности од прием на суспектни и ковид позитивни пациенти, преглед и тријажа, тестирања со брзи ПЦР тестови до стационирање и лекување на пациентите, потврди денеска директорот Митко Крџев.