Матичните лекари од истокот бараат да бидат ослободени од давање упати за вакцини за процесот да тече побрзо
-Се надевам дека ова ќе биде како во Србија. Матичните лекари да не бидат преоптеретни и граѓаните да не доаѓаат за хартиени упати. Во време на пандемија да се намали непотребната циркулација на пациенти, а со тоа ќе го намалиме изложувањето на дополнителен ризик, вели за Алфа, матичната лекарка Валентина Митрова.