Над пет милиони ливчиња од картотеките на Институтот за Македонски јазик ќе бидат дигитализирани
Над пет милиони ливчиња со записи од деветте картотеки на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, кои се чуваат во картонски кутии и се во опасност да бидат загубени, уништени или оштетени, ќе бидат трајно заштитени во дигитална копија и на микрофилм.