Љутков во Словенија на состанок на министрите за култура од Западен Балкан
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, на покана на министерката за култура на Словенија, Аста Вречко, е во дводневна посета на Нова Горица. Тој денеска учествуваше на состанок на министрите за култура од Западен Балкан, информираат од надлежното министерство.