УЗКН со 19 активности во 2018-Европска година на културното наследство
Вкупно 19 активности, од кои 15 спроведени во Македонија, а четири реализирани во делот на меѓународни активности, опфати Националната програма која минатата година ја изготви Управата за заштита на културното наследство (УЗКН), за да се придружи во одбележувањето на 2018-Европска година на културното наследство. Програмата се спроведе под слоганите „Нашето наследство – европска вредност!“ и „Кон споделена одговорност за заштита на културното наследство“.