306 работодавачи не исплатиле плата на 992 вработени а користеле државна помош
Со состојба 2 февруари 2021 година, на 13.160 работодавачи им е исплатено вкупно 961.709.306,00 денари за исплата на декемвриската плата на 60.974 вработени. Од нив 306 работодавачи, на 992 вработени не ја исплатиле платата, а земале финансиската поддршка во износ од 16.305.020,00денари.