Резултати на Алкалоид: 210 нови вработувања, инвестиции од над 1,5 милијарди денари, раст од 9% на консолидираните продажби
Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари-декември 2020 година, продажбите достигнуваат 9.188.259.186 денари, што е за 9% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 12.132.328.349 денари, што е за 9% повеќе во споредба со истиот период од минатата година.