Потврдени 120 нови случаи со Ковид 19, оздравени 16, починати двајца пациенти
Во последните 24 часа се направени 953 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи со Ковид-19 и тоа во: Скопје-67, Куманово-19, Штип-16, Прилеп-4, Тетово-9, Велес-2, Гостивар-1, Неготино -1, Струмица-1. Институтот за јавно здравје денеска регистрира 16 оздравени пациенти, во Скопје-8, Штип-3, Прилеп-2, Тетово-1, Велес-1, Битола-1. Починати се две лица од Тетово, соопшти Министерството за здравство