Владата побара предлози од Комисијата за заразни болести за нови мерки во борбата против коронавирусот
Владата денеска на седница донесе заклучок Комисијата за заразни болести, врз основа на анализата и сознанијата за актуелната состојба, до првата наредна седница, односно до утре, да достави препораки за да бидат донесени мерки за брзо и ефикасно спречување на ширењето на коронавирусот согласно показателите од теренот.