За тоа колку време однапред студентите треба да знаат како ќе го полагаат испитот, Ефтимов одговори дека е прашање што зависи од одговорноста и ефикасноста на деканатите на факултетите.
Здружението на новинарите на Македонија го осудува односот на лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села за статусот објавен на неговиот профил на Твитер во кој Села ја обвини ТВ 21 дека служи како платформа за пропаганда на ДУИ користејќи ЕУ фондови
Аргументите „за“ и „против“, го натераа министерот за здравство, Венко Филипче, да го повлече предлогот.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје заклучно со вчерашниот ден од скопските општини најмногу активни случаи има во Чаир, речиси три пати повеќе за разлика од втората општина со инфицирани граѓани - општина Бутел:
На подрачјето на Град Скопје денеска е регистриран 41 новозаразен со коронавирусот, од кои најмногу – 24 се од Чаир, по што следат Карпош, Бутел, Гази Баба и Ѓорче Петров.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени осум нови, а вкупно хоспитализирани 73 пациент. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира пет оздравени пациенти, во: Скопје-1, Прилеп-2, Тетово-2.
Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 87 случаи на КОВИД-19. Во истиот период регистрирани се и пет оздравени пациенти, како и едно починато лице, информира Министерството за здравство.
Две третини од сите пријави до Советот за етика во медиумите (СЕММ) се однесуваат на известувањето на медиумите во врска со пандемијата на коронавирусот. Од нив 39 проценти се за обајавување неточни и непроверени информации, а 35 отсто за сензационалистичко известување
Државниот архив на Република Македонија денеска го одбележува 9 – ти јуни Меѓународен ден на архивите. На овој ден во Париз во 1948 година е формиран Меѓународниот архивски совет, организација посветена на унапредувањето и промовирањето на архивското работење и на заштитата на архивските материјали