Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 87 случаи на КОВИД-19. Во истиот период регистрирани се и пет оздравени пациенти, како и едно починато лице, информира Министерството за здравство.

Новите случаи се регистрирани по направени 987 тестирања. Од новорегистрираните 87 во Скопје се – 41, Куманово – 12, Штип – 16, Тетово – 10, Струга – 1, Охрид – 2, Гостивар – 1 и Пробиштип – 4.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.239, бројката на оздравени пациенти е 1.658, на починати е 157, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.424

По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Охрид е од Струга. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:

• Скопје 1373, активни 760

• Куманово 568, активни 150

• Дебар 53, активни 2

• Штип 223, активни 185

• Прилеп 218, активни 25

• Тетово 301, активни 135

• Струга 106, активни 33

• Велес 144, активни 30

• Битола 30, активни 3

• Охрид 37, активни 20

• Кавадарци 6, активни 1

• Гостивар 51, активни 29

• Гевгелија 6, активни 2

• Струмица 5, активни 2

• Крива Паланка 7, активни 1

• Радовиш 4, активни 0

• Крушево 3, активни 0

• Кочани 53, активни 22

• Пробиштип 11, активни 9

• Демир Хисар 1, активни 0

• Македонски Брод 2, активни 0

• Пехчево 3, активни 0

• Берово 2, активни 1

• Валандово 3, активни 2

• Виница 3, активни 1

• Делчево 1, активни 0

• Кратово 3, активни 1

• Свети Николе 3, активни 2

• Кичево 3, активни 1

• Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 987 теста се преку: ИЈЗ –381 , ЦЈЗ Скопје-30, Авицена –72, Биотек – 163, Жан Митрев (Филип Втори) –101, Систина со PCR метода –137 и МАНУ -103. Досега во земјата се направени вкупно 38014 тестирања на КОВИД -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 80 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на КОВИД-19.