Претседателот Стево Пендаровски најави дека денеска ќе побара од лидерите на најголемите политички партии Зоран Заев и Христијан Мицкоски да најдат решение во однос на тоа кога би се одржале изборите.
Претседателот Стево Пендаровски смета дека нема потреба да прогласи нова вонредна состојба. Нејзиното прогласување или не, порача тој, не е поврзно со одржувањето на изборите.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 12 оздравени пациенти, во: Скопје-3, Прилеп-6, Струга-1, Велес-1 и Виница-1. Починати се две лица од Скопје и Тетово.
Согласно податоците на Институтот за јавно за здравје по општини активни случаи во Скопје заклучно со вчера - (бројката по општини може да подлежи на измени со оглед на тоа што од вчера сеуште не се завршени сите анкети) се следниве
– Евентуална промена за вонредната состојба би можело да има заради изборите, ако се постигне консензус, рече Заев на прес-конференцијата.
Најверојатно денеска или утре ќе биде поднесено барањето до ОБСЕ од страна на Министерството за надворешни работи, кое е и надлежно да побара набљудувачка мисија за време на изборите, истакна претседателот Стево Пендаровски,
Со денот на влегувањето во сила на оваа уредба, ДИК е должна да ги преземе и изврши сите неопходни технички и административни активности заради подготовка на преостанатите изборни дејствија, согласно Изборниот законик.
Претседателот Пендаровски досега прогласи четири вонредни состојби, две по 30 и две по 14 дена. Последната вонредна состојба беше прогласена на 20 мај и истекува в сабота утре – 13 јуни.