Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 12 оздравени пациенти, во: Скопје-3, Прилеп-6, Струга-1, Велес-1 и Виница-1. Починати се две лица од Скопје и Тетово.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (53г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 2 јуни и потврдена позитивна по приемот. Во болницата во Тетово почина пациентка (60г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 9 јуни.