Во знак на протест, од недела македонските оператори ќе го прекинат реемитувањето на телевизиските програми
Македонските оператори денеска соопштија дека од 21 јуни (недела) времено ќе го прекинат реемитувањето на сите ТВ програми, освен на МРТВ, во знак на протест поради, како што посочуваат, наметнати неуставни обврски во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги.