Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1227 тестирања, а регистрирани се 156 нови случаи на ковид-19 во: Скопје- 100, Куманово-11, Дебар-1, Штип-6, Прилеп-1, Тетово-19, Струга-2, Велес-6, Битола-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-1, Гевгелија-1, Кочани-3, Кратово-1, Свети Николе-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 27 оздравени пациенти од: Скопје-10, Штип-3, Тетово-10, Велес-1, Битола-1 и Неготино-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4820, бројката на оздравени пациенти е 1863, на починати е 222, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2735. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 2343, активни 1593

• Куманово 679, активни 230

• Дебар 63, активни 11

• Штип 260, активни 208

• Прилеп 230, активни 17

• Тетово 500, активни 304

• Струга 149, активни 70

• Велес 162, активни 34

• Битола 38, активни 9

• Охрид 91, активни 72

• Кавадарци 9, активни 4

• Гостивар 79, активни 53

• Гевгелија 9, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)

• Струмица 10, активни 7

• Крива Паланка 10, активни 4

• Радовиш 4, активни 0

• Крушево 5, активни 2

• Кочани 59, активни 26

• Пробиштип 11, активни 9

• Демир Хисар 1, активни 0

• Македонски Брод 3, активни 1

• Пехчево 5, активни 2

• Берово 2, активни 1

• Валандово 5, активни 3

• Виница 3, активни 0

• Делчево 1, активни 0

• Кратово 5, активни 3

• Свети Николе 12, активни 10

• Кичево 5, активни 2

• Ресен 48, активни 47

• Неготино 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1227 теста се преку: ИЈЗ –484, ЦЈЗ Скопје-39, Авицена –105, Биотек –152, Систина со PCR метода –104, МАНУ -151, Жан Митрев (Филип Втори) -180 и Судска медицина-12. Досега во земјата се направени вкупно 49.020 тестирање на ковид -19.

Во рамките на скринингот се направени 31 тестирања во градинки во Штип, нема позитивен резултат на ковид-19.