Компанијата ТАВ објави распоред на летови од Меѓународниот Аеродром Скопје, на првиот ден од реотворањето 1-ви јули 2020
Министерството за образование и наука согласно член 7 став 4 од Уредбата со законска сила за издавање на ваучери на млади лица за обуки за дигитални вештини заради подобрување на нивната конкурентност на пазарот на трудот за време на вонредна состојба, („Службен весник на Република Македонија“ бр. 157/20) објавува
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6209, бројката на оздравени пациенти е 2427, на починати е 298, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3484. Во Скопје регистрирани се 3006, а активни се 1986 случаи.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Починати се 12 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Штип, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден од Велес и еден пациент од Гостивар, информираат од Министерството за здравство.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира оздравени 112 пациенти од: Скопје-42, Штип-40, Прилеп-1, Тетово-16, Велес-1, Гостивар-5, Кочани-2, Пробиштип-3, Свети Николе-2.
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Скопје го прими во проштална средба вонредниот и ополномоштен амбасадор на Соединетите Мексикански Држави во Република Македонија, Марко Антонио Гарсија Бланко
Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на прес-конференција соопшти дека во моментов се изготвува соодветна службена белешка, односно извештај за Ден Дончев кој во текот на денешниот или утрешниот ден ќе биде доставен до Основното јавно обвинителство.
Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар соопшти дека неприфатлива е одлуката вработени во јавните здравствени установи, вклучително доктори и медицински сестри во овие моменти да бидат вклучени во избирачки комисии и одбори.
Со лет на „Виз ер“ во среда се отвора Меѓународниот аеродрoм – Скопје. „Виз Ер“ ќе го отвори и аеродромот во Охрид „Свети Апостол Павле“ в четврток со лет со кој ќе допатуваат туристи од Холандија и Полска, соопшти генералниот директор на ТАВ – Македонија, Алпер Ерсој.