Починати се 12 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Штип, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден од Велес и еден пациент од Гостивар, информираат од Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти од Струга на возраст од 60 и 66 години, пациент од Тетово на возраст од 49 години и пациент од Скопје на 72 години.

Во ГОБ „8 септември“ починати се четири лица, тројца пациенти од Скопје на возраст 56,69 и 75 години и пациентка од Велес на 68 години. Во болницата во Штип е починат пациент на возраст од 81 година. Во Гостивар е починат пациент на 70 години. Во Тетово е починат пациент на 62 годишна возраст.

Во Институтот за белодробни заболувања за деца- Козле почина пациентка од Скопје 83 години, потврдена позитивна денес.


Администратор
29/06/2020 16:03