Горгиев: Заев, јас спаѓам во „шуто или рогато“? Инвалид сум, ама те донесов на власт во протестите за правда!
„Шарените“ се вжештија, и се закануваат со тужби откако го слушнаа аудиото на лидерот на СДСМ во кое ги псуе и навредува. Активистот Благојчo Горгиев, за Алфа вели дека се чувствува понижено и изманипулирано,им била ветувана правда, а добиле само навреди.