„Шарените“ се вжештија, и се закануваат со тужби откако го слушнаа аудиото на лидерот на СДСМ во кое ги псуе и навредува. Активистот Благојчo Горгиев, за Алфа вели дека се чувствува понижено и изманипулирано,им била ветувана правда, а добиле само навреди.

-Со тие зборови шуто и рогато, толку многу ме погоди што еве сакам да го прашам директно Зоран Заев дали спаѓам во шутите, рогатите затоа што јас сум инвалид, во сакатите можам да кажам. Тој ја претера толку многу, се забега во времето и просторот. Од тој човек неможеш да очекуваш ништо добро веќе, освен само зло. Ние најмногу му помогнавме за да дојде на власт, тој ветуваше правда, ветуваше правна држава а уствари тој планирал да ни го е*е мамето на сите и ни го е*а мамето на сите, вели Горгиев – учесник во Шарената револуција.

Горгиев е еден од оние кои отворено го критикуваа владеењето на СДСМ откако, како што вели, испланира „100 проекти а погреши во најмалку 95“. Гласното критикување му донело низа непријатности, а за апрурдот да уште поголем тие се врзани со неговиот телесен инвалидитет.