119 позитивни од 2065 тестови во последните 24 часа во Македонија
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2065 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-53, Куманово-9, Штип-4, Прилеп-13, Тетово-4, Струга-2, Велес-1, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-6, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-3, Пехчево-2, Берово-5, Делчево-6, Свети Николе-3, Кичево-3, Неготино-1.