Според Заев, на изборите на 15 јули граѓаните на фер, слободни и демократски избори го потврдиле правецот и го кажале својот став кој е преточен во програмата за четиригодишниот мандат.
Според извештајот на ИЈЗ, пријавени се 19 смртни случаи од шест градови или два повеќе во однос на претходната недела и сите се на возраст над 60 години. Од нив, 16 биле хоспитализирани, а три лица починале во вонболнички услови. Коморбидитети се регистрирани кај 16 починати лица.
Собранието на Република Македонија за 29 август (сабота) ја закажа 10-тата седница на која треба да биде избрана Владата на мандатарот Зоран Заев, кој денеска до претседателот на Парламентот Талат Џафери ја достави програмата за работа и предлогот за состав на Влада.
Сите патници, државјани на Косово кои поминуваат низ нашата држава, треба задолжително да приложат негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа. Оваа одлука денеска ја донесе Владата на својата 82.седница.
Останува забраната за организирање свечености со музика односно свадби, матурски, кршевски и слично во угостителските објекти со цел да се спречи ширењето на Ковид -19.
Таа потсети дека оваа година, иако беше обележана со корона-кризата дала две причини за славење, во делот на одбраната.
Учебната година ќе почне на 1 октомври, одлучи Владата на денешната 82-ра седница и го задолжи Министерството за образование да го промени календарот за почеток на учебната година.
На барање на обвинетата Фросина Ременски судот денеска го затвори за јавност делот од рочиштето од предметот „Меѓународен сојуз“ во кој, требаше да се прикаже претресот во домот на поранешната пратеничка.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6 позитивни деца, една мајка и едно дете суспектни на вирусот.
Починати се 5 лица, двајца пациенти од Скопје (49г и 50г), пациентка од Тетово (46г), пациент од Куманово (63г) и еден пациент од Прилеп (82г). Сите се починати во болнички услови.