Договорот за добрососедство е основата за односите со Бугарија, порача власта, опозицијата бара од Заев став за Гоце Делчев и македонскиот јазик
Историјата да им се остави на историчарите, а политиката на политичарите е повик, кој изминатите денови постојано се повторува од страна на државните функционери во земјава во однос на недоразбирањата кои настанаа на релација Скопје-Софија, по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на ЕУ