Беким Ќоку ќе биде нов координатор на пратеничката група на „Влен“, која ќе биде составена од 9 пратеници
Пратеникот Беким Ќоку ќе биде новиот координатор на пратеничката група на коалицијата „Влен“, која ќе биде составена од девет пратеници. Тој, ова го потврдил за Алсат, иако до Собранието се уште не е доставено официјално известување.