Во пресрет на натпреварот меѓу Италија и Македонија, Италијанскиот амбасадор Силвестри во посета на ФФМ
Во пресрет на плејоф натпреварот во Палермо меѓу Италија и Македонија за пласман на Светското првенство во Катар, гостин во „Куќа на фудбалот“ денеска беше амбасадорот на Италија во Скопје, Андреа Силвестри, соопшти Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).