Со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион попладнево беа одредени пресметките од четвртфиналето во Конференциската лига.

Лестер ќе игра против ПСВ Ајндховен, Феенорд против Славија Прага, Марсеј против ПАОК, додека Бодо/Глимт за противник ја доби Рома.

Првите натпревари се на програмата на 7 април, а реваншите една недела подоцна.

Премиерното финале во третото по ранг европско клупско натпреварување ќе се игра на 25 мај на Националната арена во Тирана, со капацитет од 21.690 гледачи.