Анчелоти позитивен на Ковид-19
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, е заразен со коронавирусот, објави денеска шпанскиот фудбалски прволигаш, додавајќи оти италијанскиот стратег бил позитивен на редовното тестирање извршено по вчерашниот тренинг.