Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, е заразен со коронавирусот, објави денеска шпанскиот фудбалски прволигаш, додавајќи оти италијанскиот стратег бил позитивен на редовното тестирање извршено по вчерашниот тренинг.

Анчелоти е во изолација во својот дом и сигурно нема да седи на клупата на Реал на саботниот првенствен натпревар против Селта во Виго.

Во случај да го пропушти натпреварот овој викенд, тимот ќе го води неговиот син и помошник Давиде Анчелоти.

Реал Мадрид идната среда го очекува првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампиони против Челзи во Лондон