По тешкиот „резил“ во Гостивар, сопственикот на Вардар бара оставка од Сејдини, ФФМ ги суспендираше судиите за наредните 5 натпревари
Тренерското место во најтрофејниот македонски фудбалски клуб „Вардар“ од денеска е испразнето, откако шефот на стручниот штаб Никола Глигоров поднесе оставка по вчерашниот контроверзен пораз од „Гостивар“ (1-2) во рамки на Втората лига – Запад.