Еден од најискусните англиски фудбалски тренери, 73-годишниот Нил Варнок, кој во кариерата предводеше 16 клубови, најави заминување во пензија.

– Не велам дека ентузијазмот го снема или исчезна, но кога гледам како некои од своите пријатели се борат со здравјето си велам дека дојде времето кога морате да го пуштите семејството да ужива малку повеќе во вашето време, особено мојата сопруга Шерон, изјави Варнок за Скај Спорт

Варнок својот тренерски пат го почна во 1980 година, а ги тренираше, меѓу другите, Лидс, Квинс Парк Ренџерс, Кристал Палас, Мидлзбро и Шефилд Јунјатед.

Во кариерата запиша вкупно 1.603 натпревари и оствари дури осум промоции во повисок ранг натпреварување, што е рекорд во англискиот фудбал. Варнок, исто така, забележа и четири промоции во елитната англиска дивизија, што не му успеало на ниту еден друг тренер