Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Љупчо Марковски од денеска е нов тренер на прволигашот Работнички
Англискиот фудбалски прволигаш Ливерпул е подготвен да го урне сопствениот рекорд за трансфери на играчи и да плати 85 милини фунти за услугите на напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњез, јавија денеска британските медиуми
Под обвиненија за финансиски измами денеска во Швајцарија почна судскиот процес против поранешниот претседател на УЕФА Мишел Платини и поранешниот прв човек на ФИФА Сеп Блатер
Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ (36) попладнево во придружба на клупскиот претседател Флорентино Перез потпиша нов едногодишен договор со кој ќе остане во Реал Мадрид до 30 јуни 2023 година
Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, стапил во контакт со напаѓачот на Манчестер сити, Габриел Жесус и рекол дека е заинтересиран за негова преселба во мадридскиот клуб
Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ се одлучи за својата иднина на крајот од кариерата. Четириесетгодишниот фудбалер постигна начелен договор со Шведската фудбалска асоцијација дека ќе стане амбасадор на организацијата
Новите сопственици на Челзи го гледаат тренерот како најважен адут на клубот и поради тоа Томас Тухел ќе ја преземе целосната контрола над трансферите
Играчот од средниот ред на Лил, Ренато Санчез може да ја продолжи кариерата во Италија. Според новинарот Фабрицио Романо, Милан се договорил за соработка со португалскиот репрезентативец
Селекцијата на Англија одигра нерешено со Германија во Лигата на нации – 1:1. Натпреварот се одигра на „Алијанц Арена“ во Минхен
Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за претстојните два завршни натпревари во Скопје во рамки на јунскиот циклус во Ц-дивизијата во Лигата на нации.