Македонската фудбалска репрезентативка Марјана Нацева (28) е нов член на германскиот гигант Борусија од Дортмунд.
Поранешниот играч на Арсенал, 30-годишниот Џек Вилшер, објави денеска крај на кариерата како професионален фудбалер, јавија британските медиуми.
Ајакс од Амстердам го донесе од Тотенхем холандскиот крилен напаѓач Стивен Бергвијн за сума од 31.25 милиони евра, соопштија денеска двата клуба.
Шпанскиот фудбалски гигант Барселона испрати денеска официјална понуда до германскиот првак Баерн Минхен за ангажман на полскиот голгетер Роберт Левандовски, потврди претседателот на каталонскиот клуб Жоан Лапорта.
Ослободителна пресуда за поранешните челни луѓе на ФИФА и на УЕФА, Сеп Блатер и Мишел Платини, по обвиненијата за финансиски измами донесе денеска судот во швајцарскиот град Белинцона.
Повремениот германски фудбалски репрезентативец Бернд Лено ќе биде нов голман на премиерлигашот Фулам, јавија денеска британските медиуми.
Новиот италијански фудбалски прволигаш Монца, чиј сопственик е Силвио Берлускони, почна преговори со поранешниот голгетер на Наполи и ПСЖ, Едисон Кавани (35), објавија денеска италијанските медиуми.
Шкендија на „Тодор Проески“ во Скопје забележа победа над Арарат од Ерменија со 2:0, резултат постигнат уште во првото полувреме.
Де Јонг е повратник во ПСВ каде настапуваше од 2014 до 2019 година кога замина во Шпанија. Претходно играше за Њукасл во Англија, Борусија Дортмунд во Германија, Твенте и Де Графшап во Холандија.
Одбранбениот фудбалер Џо Гомез ќе продолжи да игра за Ливерпул. Клубот најави потпишување на долгорочен договор со англискиот репрезентативец.