Половичен успех на македонските екипи вечерва во Конференциската лига на УЕФА.

Шкендија на „Тодор Проески“ во Скопје забележа победа над Арарат од Ерменија со 2:0, резултат постигнат уште во првото полувреме.

Стрелци на головите за тетовци беа Аденис Шала во 21. и Валмир Нафиу во 45. минута.

За разлика од Шкендија, Академија Пандев загуби на гостувањето во Гдањск кај Лечиа со 4:1.

На овој меч од 8. минута имаше 30.минутен прекин поради тепачка меѓу себе на домашните навивачи