Наполи започна преговори за Кулушевски
Наполи започна преговори за потпис на крилниот напаѓач на Тотенхем, Дејан Кулушевски, тврди „АреаНаполи“. Задачата ја презеде спортскиот директор на „наполитанците“, Џовани Мана, кој веќе стапи во преговори со шефовите на лондончани и се обидува да постигне договор.