Првиот човек на германскиот фудбал го спореди својот заменик со озлогласен нацист
Претседателот на Германската фудбалска федерација (ДФБ) Фриц Келер изјави дека нема да поднесе оставка, откако го спореди еден од своите потпретседатели со нацистичкиот судија Роланд Фрајзлер, одговорен за смртта на илјадници Евреи и противници на нацистичкиот режим за време на Втората светска војна.