Претседателот на Германската фудбалска федерација (ДФБ) Фриц Келер изјави дека нема да поднесе оставка, откако го спореди еден од своите потпретседатели со нацистичкиот судија Роланд Фрајзлер, одговорен за смртта на илјадници Евреи и противници на нацистичкиот режим за време на Втората светска војна.
Келер во изјава за германските медиуми рече дека направил голема грешка кога на состанокот на ДФБ одржан минатата недела го навредил потпретседателот Рајнер Кох.
– Претпоставував дека извинувањето што му го упатив преку писмо и во телефонски разговор веднаш ќе биде прифатено. Оваа претпоставка се покажа како погрешна врз основа на неговиот одговор што ми го испрати преку писмо, рече Келер.
– Во секој случај, немам намера да поднесам оставка, истакна Келер, кој застана на чело на ДФБ во 2019 година, а во последно време неговиот мандат е обележан со бројни несогласување внатре во федерацијата.
Келер го спореди својот заменик со поранешниот претседател на Народниот суд на нацистичка Германија, Роланд Фрајзлер, кој како учесник на конференцијата во Ванзе во јануари 1942 година, беше одговорен за организација на Холокаустот. Во текот на својот мандат на чело на Народниот суд изрече 2.600 смртни казни на противниците на нацистичкиот режим.
Германија треба да биде домаќин на Европското првенство во 2024 година.