Поранешниот долгогодишен холандски репрезентативец Рафаел ван дер Варт (38) изјави дека со многу емоции го проследил последниот настап на неговиот врсник Горан Пандев во црвено-жолтиот дрес, нарекувајќи го „македонскиот Јохан Кројф“
Осминафиналните двојки на Европското првенство во фудбал ќе бидат комплетирани денеска со одигрување на завршните четири натпревари во групите Е и Ф
Македонската фудбалска репрезентација до 17 години денеска го започнува настапот на пријателскиот „Турнир на нации 2021“ чиј домаќин е Италија
Хрватскиот селектор Златко Далиќ им честиташе на своите фудбалери за пласманот во нокаут фазата на ЕУРО2020, оценувајќи дека „коцкестите“ апсолутно доминирале во синоќешниот триумф од 3:1 над Шкотска во Глазгов
Турскиот репрезентативец Хакан Чалханоглу од денеска и официјално е нов фудбалер на Интер, потпишувајќи тригодишен договор со италијанскиот шампион.
Турскиот бизнисмен Али Коч е сериозно заинтересиран да влезе со сопствен капитал во Вардар и од најтрофејниот македонски фудбалски клуб да создаде филијала на гигантот Фенербахче, кој е во негова сопственост, јавија денеска локалните медиуми.
Дозвола над 60.000 гледачи да бидат присутни на трибините на стадионот „Вембли“ во Лондон за двата полуфинални, како и финалниот натпревар на ЕУРО2020, донесе денеска британската Влада.
Германската канцеларка Ангела Меркел ја повика денеска Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) да се однесува одговорно околу плановите финалето на ЕУРО2020 да се одржи во Лондон, поради загриженоста во врска со ширењето на коронавирусот во Англија.
Со двата полуфинални натпревара од прелиминарното коло денеска официјално почнува новата сезона во фудбалската Лига на шампони.
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, рече дека самото учество на ЕВРО 2020 е успех за македонскиот фудбал.