Македонската фудбалска репрезентација до 17 години денеска го започнува настапот на пријателскиот „Турнир на нации 2021“ чиј домаќин е Италија.

Прв противник на македонската кадетска репрезентација вечерва од 18 часот во Венеција е Русија, а на „Турнирот на нации 2021“ учествуваат и Албанија и Словенија.

Македонскиот селектор Тони Јакомовски за турнирот во Италија повика 20 фудбалери:

Голмани: Един Ајрадиновски, Давид Стојановиќ.

Одбрана: Симеон Здравковски, Даниел Марковски, Андреј Аризанковски, Џеладин Амедовски, Марко Стојилевски, Анес Малиќи, Хадис Таири, Матеј Јаневски.

Среден ред: Сулејман Умерфарук, Амир Нухија, Мартин Ѓорѓијевски, Мухамед Елмас, Кире Стојанов, Зани Назифи, Никола Манојлов, Бахри Јашари.

Напад: Хакија Цановски, Никола Величковски.