Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2016 година, во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 1.1% и изнесува 5 669 живородени деца.

Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2016 година бележи зголемување од 2.4% во споредба со истото тримесечје од 2015 година и изнесува 5 327 лицa, а од нив 55 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува 342 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица. Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 15.4% во споредба со истиот период од 2015 година и изнесува 2 922 бракови.

Бројот на разведените бракови во ова тримесечје од 2016 година е зголемен за 7.9% во споредба со истиот период од 2015 година и изнесува 720 разведени бракови.