Потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска на работна средба со амбасадорот на Италија, Паоло Палминтери ја претставил развојната програма на Владата и инвестициите во инфраструктурата. Се отвориле прашања за меѓусебна соработка и подршка во делот на реализација на инфраструктурните проекти.
Како што соопшти Министерството за транспорт, на средбата биле разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот. Вицепремиерот Николоски ја потврдил добрата соработка со Италија и ја потенцирал потребата од унапредување на билатералните односи, со посебен акцент на економската соработка. Тој го запознал амбасадорот и за реформскиот процес на земјата како дел од интеграциите и членството во Европската Унија. - Вицепремиерот Николоски изрази благодарност за досегашната соработка и подршката што ја овозможува Италија, а двајцата говорници се согласија на интензивирање на таквата соработка меѓу двете земји, соопшти Министерството за транспорт.