Од ден на ден многу работи од и во врската може да се поттурнуваат „под тепих“. Комбинирано со фактот дека многу партнери не се познаваат доволно добро на почетокот на врската (или во текот на целата врска) може да ве натера да му „стапните на нерва“ на партнерот, без да знаете.

Ви препорачуваме да поставувате дел од прашањата што следат. Некои на неколку месеци, а некои барем еднаш неделно. За подобри резултати отстранете ги сите предмети, звуци и сè останато што би ве попречиле да се концентрирате на партнерот и на прашањата. Изненадувачки е колку многу 30 минутна сесија, еднаш неделно, без никакво прекинување од надворешни фактори - во опуштена атмосфера во вашиот кревет - може да придонесе за вашата врска.

Обидете се еднаш и видете што ќе се случи. Ако не ви се допаѓа не мора да ја повторувате никогаш повеќе. Но, оваа „вежба“ можеби е токму тоа што ви треба за да ја претворите вашата врска од „преживувачка“ во „напредна“.

Ова се десетте прашања кои треба да му ги поставите на вашиот партнер за да ја зацврстите вашата врска.

1. Дали има нешто што можам да направам во моментов за да ти помогнам да се чувствуваш поубаво или сакано?

Лежејќи заедно во вашиот удобен кревет, во вашата тивка соба, секогаш е убаво да го прашате партнерот дали му треба нешто, пред да почнете да навлегувате во потешките прашања. Исто како во симфониски оркестар кој пред почетокот на концертот ги штимаат инструментите слушајќи се еден со друг, така вие и пертнерот можеби треба да почните од почеток, пред да продолжите понатаму со убавите нешта. Можеби тој/таа треба да лежи во тишина, да диши длабоко. Можеби тој/таа сака да те гушне и да ти покаже, со поглед, дека те сака. Или, можеби, треба набрзина да го провери мобилниот за да се осигура дека е исклучен. Што и да е, оставете го/ја да го направи. Ќе ви се исплати.

2. Како можам да ти дадам поголема поддршка во животот?

Можеби овие прашања некогаш ќе предизвикаат некои чувства кај партнерот, некогаш нема, и тоа е сосема во ред. Можеби понекогаш ќе ви рече нешто едноставно како: „Дали може да ме бакнеш наутро пред да станеш од кревет, дури и ако не си ги измил/а забите? Навистина ми го подобрува денот ако ме бакнеш пред да станеш и пред да се облечеш“. Или може да е нешто посериозно како: „Имам многу важен проект на работа и навистина не знам колку ќе бидам способен/на да се грижам за домот кога ќе си дојдам. Дали ќе може наредната недела да готвиш за нас? Ти ветувам дека ќе надокнадам штом завршам со проектот“. Што и да побара од тебе, не мора да прифатиш по секоја цена, но самото тоа што искрено те прашува нешто си дозволувате да станете поинтимни, да ја продлабочите вашата врска.

3. Дали претходната недела направив нешто со што, несакајќи, те повредив или навредив?

Ова е делот кога навлегуваме емотивно подлабоко во самата вежба. Иако не верувам дека треба да навлезете длабоко, во најмрачниот дел во свеста на вашиот партнер, убаво е да може да откриете дел од работите кои се „скриени под тепих“. Дури и да е тоа нешто што мислевте дека е неважно, или мислење кое си го имал/а и си сметал/а дека е сосема неважно, одговорот на партнерот може да ве изненади. Прифатете го со љубов, со трпение и дозволете му/ù да ви ја каже целосната приказна, од своја страна, без прекинување. Навистина слушајте го/ја. Не заборавајте дека, иако не сте сакале да го повредите, на вашиот партнер му треба голема храброст да ја искаже својата лутина или несогласување за нешто што се случило меѓу вас. Искрено заблагодарете му/и се за тоа што е искрен/а со вас (ова не е лесно за повеќето луѓе) и продолжете со тоа што ќе се извините и ќе прашате што може да направите или да кажете за да му/ù помогнете да се чувствува поубаво.

4. Кога се враќаш од работа, што можам да направам што ќе направи да се чувствуваш најсакано?

Зависно од тоа каква работа има и каква личност е, можеби партнерот ќе сака нешто сосем поразлично од тоа што претпоставувате дека сака како „награда“. Можеби ќе сака што е можно помалку зборување во првите неколку минути по враќањето дома. Или можеби сака физички контакт. Што и да сака, сè што треба е едно едноставно прашање кое ќе ви помогне да го разберите вашиот партнер и да ја зацврстите вашата врска.

5. Дали има некој допир кој треба почесто да го применувам за да се чувствуваш сакано?

Ова прашање се однесува на „несексуален“ допир. Дали има некој допир кој мисли дека недостига? Дали сака почесто држење за рака? Дали сака да си играш со неговата/нејзината коса? Дали сака кога доаѓаш од назад и го/ја гушкаш? Прашај за да бидеш сигурен/на што ќе го/ја направи да се чувствува посакан/а и потоа потруди се да ги додадеш тие допири во вашата секојдневна комуникација, најдобро што можеш.

6. Дали мислиш дека наредните неколку дена ќе ти треба повеќе простор за себе или повеќе време заедно со мене?

Нашата потреба за самостојност или за интимност се менуваат секојдневно. Можеби вашиот партнер изминатат недела се ицрпил емоционално и му треба поголема доза на внимание, повеќе комплименти, повеќе интимност. Или, можеби, целосно е посветен/а на својата кариера и му/ù треба повеќе простор за да може да се сконцентрира на работата. Потребата за простор не значи дека Ве сака помалку, или желбата за интимност не значи дека е пребирлив/а. Луѓето, едноставно имаат емоционални потреби кои зависат од многу работи кои им се случуваат во секојдневниот живот. И колку повеќе можеш да му помогнеш на партнерот, но истовремено си свесен/свесна за своите ментални и емотивни потреби, толку подобро.

7. Дали има некоја тема на која сме зборувале минатата недела, а сметаш дека не сме завршиле со разговорот?

Слично како во третото прашање, ова директно се навраќа на можни лоши чувства, рани, од изминатата недела. Прашувајќи на поинаков начин, во различен контекст, вашиот партнер може да размисли дали вашите аргументи се точни. Можеби ќе се појави страв дека ако го поставите ова прашање - „Но, ако го прашам, нема да се сети дека ми беше лут/а и да се налути пак!?“. Но, поминувајќи низ овој непријатен момент заедно ќе направи целата неискажана, скриена тензија да излезе и да исчезне. Дали некогаш сте го слушнале изразот:„ ,Не’ може да боли за момент, но ,Да’ може да боли со месеци“? Сака да каже дека кога сме искрени во врска со своите желби, може да биде непријатно. Но, ако не сме искрени може да нè мачи токму тоа - фактот дека не сме искрени со себе. Ова прашање „работи“ на сличен начин. Лесно е да се игнорираат тешките моменти од изминатата недела. Но, треба храброст и сила да се помине низ тоа за да не ù се дозволи на „нечистотијата“ помеѓу вас да прерасне во незадоволство. Па, бидете проактивни. Вашата врска ќе ви биде благодарна.

8. Како се чувствуваш во врска со нашиот сексуален живот во последно време?

Една од главните разлики меѓу вас и другите интимни врски е таа што (би требало да) имате секс со вашиот партнер. И сепак, покрај парите, која е најстресната работа за која партнерите не дискутираат, а може сериозно да им наштети и да ги раздели? Погодивте - сексот. Прашајте го партнерот колку е задоволен со вашиот сексуален живот. Прашајте го дали има нешто што би сакал повеќе, или помалку, или поразлично од она што сте го правеле до сега. Ова прашање ќе биде полесно да се одговори доколку сте подолго во врска, така што бидете трпеливи доколку не сте.

9. Што е најстресното нешто во твојот живот во моментот и дали има начин да ти помогнам да го намалиш тој стрес, барем малку?

Отворено прашање кое им дозволува на луѓето да бидат поискрени и полесно да се „отворат“. Ова прашање е најлесен начин да продреш во мислите - со директно прашање што го/ја мачи во моментот. За секое прашање, размислете како се изразувате природно. Секое прашање кое значи „Како можам да ти олеснам?“ е сигурен начин да се продлабочат чувствата и поврзаноста во врската.

10. Кога ти е тешко да зборуваш и како можам да ти помогнам да поминеш преку тоа?

Ова е едно од прашањата кое може да го поставувате еднаш на неколку месеци, но е многу моќно. Секој има различен начин на емоционални дразби кои прават да се чувствува ранлив во различни ситуации. Можеби вашиот партнер лесно може да помисли дека го напаѓате кога го критикувате јавно. Можеби вашиот партнер сака да се затвори во себе кога зборувате за секс, финансии или правила и закони. Или можеби нешто се случило во спалната соба што го/ја натерало да се почувствува несоодветно или засрамено. Кои и да се причините секогаш има начин да го натерате партнерот да се почувствува заштитен и сакан.

Не ви предлагаме да станете зависни еден од друг или опседнати со решавање на сите проблеми на партнерот. И не мора да се разговара за сè, до бескрај. Некои од овие прашања ќе ви требаат повеќе и почесто, и тоа е сосема во ред. Оваа вежба служи, пред сè, за да започнете разговор кој мал број парови го имаат. Како што кажавме на почетокот, многу работи се оставаат „под тепих“. Овие прашања служат за да го кренете тепихот, да ја извадите цела насобрана нечистотија и да продолжите како среќен и исполнет пар.